Даниела е бремена: Култниот режисер Тарантино го чека најважната улога – родителската


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Славниот режисер Квентин Тарантино и неговата сопруга Даниела Пик го очекуваат своето прво дете.

Даниела и Квентин Тарантино со големо задоволство објавуваат дека го очекуваат принова“, изјави брачниот пар во ексклузивна изјава за списанието People.

Сценаристот и режисер ја запозна Даниела, ќерка на израелскиот пејач и текстописец Цвик Пик, во 2009 година, додека го промовираше својот филм „Inglorious Bastards“. Парот се вери во 2017 година, после едногодишна врска.

Тарантино и Даниела се венчаа на интимна церемонија во Лос Анџелес во ноември, 2018 година. Интересен податок за Квентин е дека пред 2018 година никогаш не беше женет, ниту имаше деца, објаснувајќи дека работата го монополизира неговото време.