Даниел Крег: Овој филм ми беше најголемата грешка во кариерата


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


И пред да се прослави со неговата актерска интерпретација на ликот на тајниот агент Џејмс Бонд, Даниел Крег важеше за еден од најдобрите британски актери.

Тој се прослави со хитовите како што се сериите на Би-Би-Си Нашите пријатели на север и филмовите Layer Cake, Munich и The Girl with the Dragon Tattoo.

Но, како и повеќето актери, Крег имал улоги со кои не се гордее и смета дека филмот Лара Крофт: Томб Рајдер од 2001 година, адаптација на популарната видео игра, е најголемата грешка во неговата кариера, пренесува Far Out Magazine.

„Кога станува збор за Tomb Raider, мора да бидете свесни дека тој филм немал готово сценарио“, рече Крег. „Едноставно не можете да почнете да снимате ако немате сценарио. Tomb Raider ја забави мојата кариера. Тоа е најголемата грешка што сум ја направил.

Иако актерот го гледаше филмот како добра животна лекција, тој немаше ништо позитивно да каже кога станува збор за заплетот на филмот. Рече дека најчесто не разбирал што се случува.

Сепак, Крег призна дека Анџелина Џоли, главната ѕвезда на блокбастерот, добила многу полош третман по премиерата.

„Енџи беше во многу полоша ситуација. Таа беше во секоја сцена и подоцна мораше да се справи со сите критики”, рекол актерот. „Не требаше да ја прифатам улогата. Целиот филм се чувствував како некој додаток.“

Дури и Џоли за време на претходните интервјуа изјави дека не е задоволна од филмот и дека е доста тешко да се долови ликот на Лара Крофт.

„Тоа беше видео игра, а таа [Лара Крофт] не беше сложен женски лик, со емоции и чувства. Дури ни не ми изгледаше доволно привлечно и реалистично. Така имаше многу проблеми и не можевме се да го направиме како што треба”, рекла Џоли.