Даниел Крег е побогат и од тајниот агент 007


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Славниот холивудски актер Даниел Крег статистички е побогат и од самиот лик Џејмс Бонд кој го има глумено четири пати.

Крег досега глумел во четири филмови за агентот Џејмс Бонд, неговиот петти филм за тајниот агент 007 „No Time to Die” ќе се појави 2020 година.

Во првиот филм во кој Даниел Крег беше Џејмс Бонд, „Casino Royal“ во киносалите се појави во 2006 година и заработи неверојатни 599.045.960 долари, со што ја оствари најголемата заработка во франшизата, се додека во 2012 година продолжението „ Skyfall” не го надмина со заработка поголема од една милијарда долари.

По улогата на Џејмс Бонд богатството на Даниел Крег значително се зголеми . Во 2015 се најде на листата на Форбс какао најплатен актер со заработка од 27 милиони долари за филмот „ Spectre”. Беше меѓу најплатените актери и во 2012 и 2015 година.

Додека заработувал по 25 милиони долари по филм за Џејмс Бонд, во 2016 година по снимањето на „ Spectre” се шпекулираше дека Даниел Крег добил понуда од 150 милиони долари да сними уште два филма за тајниот агент 007.

По последниот филм за Џејм Бонд „ No Time to Die”, Крег ќе биде третиот актер по Роџер Мур и Шон Конери кој најдолго се појавувал во улогата на познатиот агент во франшизата.