Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Владејачкиот партиски блок во Собранието го изгласа и помина Законот за употреба на јазиците, со што се разбранува целата македонска јавност која е со поделени ставови и мислења во однос на овој законски новитет.
Владата предводена од СДСМ, ДУИ и секако со поддршка на сите останати албански партии без поголеми пречки успеа да го изгласа Законот за употреба на јазиците во кој се вклучени повеќе загрижувачки членови меѓу кои двојазичните униформи и пари и доведувањето во прашање на унитарноста како уставна категорија.
За правните аспекти побаравме став од проф. д-р Ана Павловска-Данева која беше избрана за член на ГРЕКО – Група на држави против корупција на Совет на Европа, како претставник од Република Македонија.
„Јас не знам дали се одредени членови неуставни, за тоа може да се произнесат експертите по Уставно право. Можам да кажам само дека закон од такво општествено и политичко значење не треба да се носи без присуство на опозицијата во Собранието, ниту пак во скратена постапка. А, европското знаменце, се чини, никому не му е јасно зошто му беше прикачено“, вели проф. Ана Павловска Данева.
Уставниот суд само што се пополни со нови уставни судии, па така од оваа институција не се очекува пребрзо да се нафати на предмет како оценување на уставноста на законот за употреба на јазиците, но може да биде повикан со поднесување на преставка за што секако збор ќе имаат и експертите по уставно право, а ќе се направи ретроспектива и на досегашните оценки и нивни изјави по ова прашање.