Дамјановиќ го напуштa ЖРК Вардар


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Српската репрезентативка Сања Дамјановиќ по завршувањето на сезоната ќе си замине од редовите на ЖРК Вардар.

Дамјановиќ пред две години дојде во ЖРК Вардар од дански Виборг како една од најдобрите ракометарки во светот на левата бековска позиција. Таа беше дел од тимот кој две години играше на завршниот тирнир во Лигата на шампионите и го освојуваше третото место.

Сепак, Дамјановиќ, во ЖРК Вардар не се снајде најдобро, во ниту еден момент не ја пронајде вистинската форма, поради што реши да замине.

„По завршувањето на сезоната ќе го сменам клубот. Нема да останам во Вардар, а каде ќе ја продолжам кариерата се уште не знам. Важно е дека добивам понуди. Наскоро ќе решам каде ќе играм наредната сезона“, изјави Дамјановиќ за српските медиуми.