Дамјан Манчевски си даде оставка од пратеничката функција – дали тој ќе биде новиот ген-сек?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Дамјан Манчевски, бивш министер за информатичко општество и администрација во претходната влада, кој беше избран за пратеник на последните избори денес поднесе оставка на функција до претседателот на Собранието.

Талат Џафери на почетокот на денешната седница на Собранието соопшти дека дека Манчевски поднесува оставка и дека согласно деловничката можност тој нема да ја образложува. ДИК сега треба да го информира Собранието кој е следниот на листата што треба да го пополни неговото место.

Откако ДИК ќе испрати извештај, за тоа ќе одлучува матичната Комисија за деловнички и мандатно имунитетни прашања, по што ќе продолжи пленарната седница.

Инаку, сосема очекувано беше Манчевски да даде оставка од пратеничкото место, бидејќи подолг период се шпекулира дека тој ќе има висока функција во Владата, односно ќе дојде на местото на Драги Рашковски, што практично ќе значи дека Манчевски ќе биде новиот Генерален секретар на Владата.