Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Peacocking“ или во слободен превод „насилно однесување“ е нова фора со која мажите се покажуваат пред жените, односно сакаат да ги однесат во кревет.
„Насилното однесување“ – може да биде очигледно со помош на стајлингот.
Да се биде воочлив по секоја цена. Тоа е смислата. Како што се оплеменети птиците со своите шарени перја кои го привлекуваат вниманието кај женките, така и момците со својот стајлинг сакаат да остават силен впечаток на нас „Dress to impress“ е мотото кај оваа фора.
Кај „насилното однесување“ не е аутфитот единственото нешто во што се претерува, туку и однесувањето на момците во кое глумат претерано љубезни и фини: ја придржуваат вратата, палат запалка, заштитничко однесување… Типовите кои вака се однесуваат секогаш се совршени џентлмени и подготвени да помогнат на дамата во невоља. Но, штом се довлечкаат до креветот, тој почнува да се однесува како мачо и го покажува своето вистинско лице. Дали ви звучи познато?