И Далиќ „изгоре“ поради „Лекс Агрокор“ – си поднесе оставка поради објавените мејлови


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Хрватскиот прв човек во ресорот за економија, министерката Мартина Далиќ поднесе оставка од својата функција после јавно објавените мејлови кои таа ги испраќала на авторите на Законот „Лекс Агрокор“ кој беше усвоен по кризата во Агрокор.

Од мејловите јавноста виде дека министерката Далиќ и хрватскиот премиер Пленковиќ биле информирани за тешката финансиска состојба во Агрокор, а на јавноста и зборувале невистини.Исто така спорно во оваа електронска преписка е тоа што изборот на консултанти за пишувањето на „санациската“ програма за најголемата компанија во Хрватска било направено на нетранспарентен начин.

Кога изби аферата со мејл пораките на министерката, таа најпрво тврдеше дека консултантските фирми и економски советници биле ангажирани бесплатно, за потоа да се утврди дека тие добиле високи хонорари кои биле извлечени од компанијата на име „советнички услуги“.

Далиќ со групата советници ниту еднаш не потпишала договор дека тие се ангажирани од Владата, туку со нив се среќавала тајно и комуницирала преку приватниот мејл.