Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Селекторот на хрватската репрезентација, Златко Далиќ е пресреќен од пласманот во финалето на СП, но не крие дека ќе се обиде да го освои златото, иако Франција е фаворит.
„Ова што го направија моите момци против Англија е неверојатно. Ваква демонстрација на карактер јас не сум видел. Заслуживме ваков успех, а сега ќе се спремаме за финале“, изјави Далиќ.
„Франција? Немаат слаби страни. Ние прво треба да одмориме и да ја прославиме победата, а потоа ќе размислуваме за финалето. Тоа што ќе имаме ден помалку за одмор, не треба да ни служи за оправдување. Чудно ми е да слушам коментари дека сме биле подготвени кондициски само за групната фаза. Ние ќе играме против Франција како да е нашиот прв натпревар на турнирот“, заклучи хрватскиот селектор.
„Тие се фаворити, но ние ќе се бориме за златото. Франција цел турнир игра на контри и полуконтри. Го имаат неверојатниот Мбапе, но ќе се припремиме добро за финалето“.