Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Обожавателите на „Game of Thrones“ горат од нетрпение да дознаат кој ќе извлече жива глава во последната сезона од популарната серија, особено кога е во прашање кланот Stark. А доколку може да се верува на пораката која со својата тетоважа ја испрати актерката Софи Тарнер, нејзиниот чопор дефинитивно ќе преживее.
„Осамениот волк ќе умре, но чопорот ќе преживее“, е познатиот цитат од Нед Старк од првата сезона според кој е направена и споменатата компромитирачка тетоважа поради која обожавателите сметаат дека актерската ѕвезда од серијата го упропастила крајот на епскиот серијал со дел од цитатот кој го испиша под сликата на волк на нејзината рака.
„Стварно ќе преживеат?“, „Дали е ова спојлер?“, „Штотуку ја уништи последната сезона“, беа само дел од мноштвото реакции и коментари од загрижените обожаватели на серијата кои, сепак, не можат со сигурност да тврдат и да знаат дали славната актерка со тетоважата откри дел од крајот на серијата, или ја направила истата бидејќи цитатот едноставно многу го сака и одлучила да го носи засекогаш на својата рака.