Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
За многумина летот со авион претставува вистински стрес, а авиокомпаниите прават се`, за барем малку да ги смират патниците.
Во тоа се` се вклучени и седиштата, односно нивната боја. Причината поради која седиштата во авионите воглавно се во сина боја е тоа што оваа боја има смирувачки ефект на луѓето.
„Сината боја сугерира мир, тоа е бојата на небото и мирното море кои луѓето ги поврзуваат со внатрешниот мир и смиреност. Се покажа и дека сината боја ги успорува отчукувањата на срцето и дишењето и дека е добра за медитација и опуштање, пишува Colour Psychology.
Исто така, сината боја луѓето ја поврзуваат и со довербата, па затоа е добра и за имиџот на авиокомпаниите.