Вебкафе

Дали знаете зошто авионските прозори се тркалезни или со заоблени агли?

Оние со малку покреативни размислувања и око за детали кои некогаш патувале со авион, сигурно забележале, а веројатно и се запрашале зошто авионските прозори се или со кружна форма, или во четириаголна форма, но со заоблени, а не правилни агли. 

Овој „мал“ дизајнерски детал на авионскиот изглед низ годините се задржал независно од тоа колку прогресирала авинската дизајнерска креативност од почетоците до денес.

de Havilland DH 106 Comet со прозорци со прави агли, 1949

Причините за овој инженерски избор потекнуваат од 1950-ите години, поточно од појавата на првиот модерен патнички комерцијален авион – леталото „de Havilland DH 106 Comet“. Британскиот производител го опремил авионот со млазни мотори, кабина со регулиран притисок, но и со четириаголни прозорци.

Во рок од една година, три примероци од „Кометата“ се урнале сред лет. Истрагата отворила повеќе можни причини за несреќите, но по долги испитувања, експертите се согласиле дека веројатна причина е дизајнот на прозорците.

Острите агли на прозорците предизвикале слабост во конструкцијата на авионот. Авионот веднаш бил редизајниран, со заоблени прозорци, што набргу станува стандардно решение во авионската индустрија.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top