Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Малата буква i која стои пред повеќето производи на Apple стана во толкава мера дел од популарната култура, што малку кој обраќа внимание на него. Но, уште помал дел од корисниците знаат што воопшто тоа значи.
Стив Џобс во 1998 година го претстави iMac, прв производ на Apple кој го носеше сега славниот префикс. Неговата идеја била едноставна – i да го означува она за што повеќето од луѓето ќе го користат iMac-от, а тоа е интернетот.
Но, приказната не застанува тука. Освен за интернет, Џобс малата буква i ја наменил да го симболизира целиот идентитет на неговата компанија. Наведе дека i стои за „информација, индивидуалност, инструкција и инспирација“.
После iMac, и другите уреди почнаа да го добиваат познатиот префикс: iPod, iPhone, iPad и останатите. Иако не сите производи од Apple го носат овој префикс, пример Apple Watch и Apple TV, тој е неодвоив дел од идентитетот на компанијата и сосема сигурно напрепознатлива буква на светот денес.