Живот

Дали знаете што е „Ребека синдром“?


Иако можеби повеќето девојки не се свесни за тоа, со ваквото однесување си ја загрозуваат љубовната врска.

Веројатно барем еднаш на поголем дел од девојки им се случило да им се „крене“ косата на главата кога ќе се спомене бившата девојка од нивниот партнер. Сите оние кои ќе се препознаат во ваквата ситуација, треба да знаат дека ако се споредуваат со бившата од дечкото, или ужасно им пречи кога ќе се спомене нејзиното име, можеби го имаат „Ребека синдромот“. Не дека мажите се имуни на овој синдром. Сепак, почесто жените се тие кои се „погодени“ од него.

Име според истоимениот роман

„Ребека“, инаку, е роман од Дафне ду Мориер, во кој жена се мажи за вдовец, а духот од неговата покојна жена Ребека почнува да им ги мати плановите. Духот постојано го наговара бившиот сопруг да ја остави сегашната сопруга, бидејќи „таа никогаш нема да биде доволно добра за него“.

Во психологијата, како што пренесува Exploring Your Mind, „Ребека синдромот“ им се припишува на луѓето кои се патолошки љубоморни на бившите партнери од нивните сегашни партнерки. Љубомората е токму како духот – те прогонува и те тера да се споредуваш со таа личност на сите нивоа.

Освен тоа, љубоморните луѓе се трудат да дознаат апсолутно сè за бившиот партнер или бившата партнерка, надевајќи се дека ќе најдат нешто лошо поради кое тие ќе се чувствуваат добро. Ако и вие сте се заплеткале во таа мрежа на љубомората, не заборавајте дека така си штетите само себе. Наместо да уживате во врската која ја имате, се заморувате со небитни работи и „повикувате“ трето лице во вашиот однос.

Како да се победи љубомората?

Зошто е толку тешко да се прифати дека вашиот партнер имал девојки и пред вас? Што, зарем требало да биде во целибат пред да ве сретне? Ако е сега со вас, значи дека ве одбрал вас и сопричина веќе не е со својата бивша девојка. Самиот збор говори дека нивната врска е минато и единствено што можеш и треба да направиш е да го прифатиш тоа.

Во спротивно, се мачиш себеси, но и него. А забораваш дека и ти имаш минато и бивши партнери со кои можеби уште и се слушаш. Ако неговата бивша сама не се плетка во вашиот однос, тогаш таа не е никаква закана за вашата врска и треба да уживаш во истата без грижи.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top