Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Модерното време и секојдневие од 2000-те години наваму, во комбинација со динамичната животна рутина исполнета со обврски и осиромашена за емоции, во Велика Британија го воведе терминот mancation со кој се означува одмор специјално за машко друштво или сам маж.
Постојат повеќе причини зошто патувањето сам често знае да биде добра идеја, но кај мажите најчести причини за тоа се раскинувањето пред одмор, сакаат да побегнат од сопругата, сакаат да бидат сами со себе, сакаат да запознаат убава девојка, сакаат да пробаат нова храна, сакаат да пробаат нов пијалок и сл.
Без разлика која е причината, еве една дестинација која е најдобра за сингл мажите според оние кои веќе биле на ова егзотично место.
Станува збор за островот Гоа – дестинација која е доста привлечна за оние кои се сами и од двата пола. Како за мажите, така и за жените. Жени од секаде низ светот може да се видат низ плажите и баровите во оваа индиска држава и навистина се расположени за дружење. Оваа дестинација важи како собиралиште на оние кои се сами и кои се спремни за авантура и за доживување на нови искуства.