Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според најновите истражувања, консумирањето кардамон, кој е клучен зачин во индиската кујна, може да доведе до губење маснотиите и намалување на воспаленијата.
Главниот истражувач д-р Луис Циснерос Зевалос и неговиот тим дошле до сознание дека овој зачин би можел да согорува калории и да ја одржува телесната тежина додека го зголемува апетитот и трошењето на маснотиите, пишува британски Сан.
Научниците од Институтот за унапредување на здравјето во Тексас проучувале какво е влијанието на овој зачин врз глувците. Тие откриле дека овој зачин не само што ги правел погладни, туку им помагал во согорувањето на вишокот енергија и губењето на маснотиите.
Тимот објаснил дека овој зачин помага во контрола на системот што го регулира разградувањето на мастите и ослободувањето на енергијата во црниот дроб и мускулите. Глувците кои во исхраната имале повеќе за 1% од овој зачин јаделе повеќе од останатите, помалку се угоиле и имале помала маса. Тоа укажува дека овој зачин е одличен во лекување на дебелината.
Друга студија, објавена во Меѓународното списание за молекуларна наука, покажала дека кардамонот помага да се намали воспалението од низок степен што доведува до хронични здравствени проблеми како артритис, срцеви заболувања и дијабетес.
Лекарот објаснил дека возрасните со просечна тежина од 60 кг ќе треба да консумираат 77 мг, или 8-10 мешунки дневно од овој зачин за да забележат корист. Овој зачин се користи во солени и слатки јадења и пијалоци ширум светот. Посебно е популарен во индиската кујна и преовладува во многу нивни јадења како пилав, сутлијач и други…
Кафе со кардамон
Состојки:
200 мл, јако црно кафе
2 прстофата кардамон во прав
1 лажичка кокосов путер
Подготовка:
Додајте два прстофати кардамон во шолја топло кафе и измешајте, потоа додајте и лажичка кокосов путер. Мирисот е магичен, а кафето со кокосов путер се претвора во напиток што разбудува и го поттикнува метаболизмот.