Дали знаете што е хипнагошка халуцинација?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Замислувањето на човекот дека паѓа во сон не е знак дека нешто не е во ред и тоа, всушност, е доста честа појава. Толку вообичаена, што експертите за сон имаат и посебен термин со кои ја нарекуваат истата – хипнагошка халуцинација.

Што всушност претставуваат хипнагошките халуцинации? Чувството на паѓање е куса сетилна перцепција што најчесто се јавува при заспивањето, во вид на чувство на паѓање, летање или бестежинска состојба. Визуелно, овие халуцинации честопати се проследени и со треперење, лебдење или слики налик „калеидоскоп“. Повремено, тоа може да вклучува дури и звуци што ги нема, како говор или шепот од луѓе крици од животни.

Чувството е кратко и минливо – обично трае само секунда или две и е доста честа појава… Околу 70 отсто од луѓето ќе доживеат барем една хипнагошка халуцинација во текот на животот, според Клиниката Кливленд во САД. Ова е нормално искуство и не е причина за загриженост ако се случува повремено.

Слични искуства може да се јават и при будност. Тоа се нарекува хипнопомпични халуцинации.

Како и другите видови халуцинации, и овие, се чини, се јавуваат кога мозокот е во менлива состојба на свест – како што е преминот од будност во сон.

Секој може да има хипнагошка халуцинација, но според научни претпоставки, одредени фактори ја прават поверојатна. Тука, во таа смисла, се анксиозноста и нарушувањата на расположението, несоница, нарколепсија или употреба на дрога или алкохол, според Американската академија за медицина на спиењето (ААСМ).

Тинејџерите, младите возрасни, жените – тоа се категориите склони кон хипнагошки искуства.

Консултација со лекар се препорачува ако халуцинациите во сонот имаат поголемо влијание врз сонот или предизвикуваат чувство на замор дење. Во некои случаи, честите халуцинации при спиење може да бидат симптом на некако основно нарушување на спиењето, како што е нарколепсијата.

Советување со лекар, исто така, е потребно при проблеми со самоконтрола при стрес или анксиозност за коишто личноста смета дека можеби придонеле за халуцинациите во сон.