Дали знаете колку време од животот поминувате на WC школка?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во неделата беше одбележан Светскиот ден на тоалетот, воведен во 2011 година со цел подигнување на свеста за глобалната санитарна грижа.

Една од целите на потегот е потребата за помош на 4,5 милијарди луѓе во светот кои живеат без соодветни санитарни услови и тоалет.

Инаку, според некои истражувања луѓето во својот живот просечно во тоалет поминуваат околу 3 години.

Според истражувањата мажите на школката поминуваат повеќе време од жените, а според изјавите на дел од нив, тоа е единственото катче каде што можат во мир и спокојство да прочитаат весник.