Дали знаете кој комплекс ги мачи најмногу мажите?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Додека жените лажат за килограми, мажите лажат за центиметри.

Но не станува збор за она што мислите, туку за висината. Комплексот на Наполеон е еден од најголемите машки проблеми кои најчесто ги мачи ниските, но и некои мажи со просечна висина.

Со овие проблеми мажите обично се носат од најрана возраст, од кога во училиште ги задевале поради висината. Тоа најчесто остава трага на нивната самодоверба, а поради тоа тие цело време се чувствуваат неадекватно, односно помалку вредно од високите мажи.

За разлика од жените, кои проблемот со висина го решаваат со помош на високи потпетици, мажите ретко посегнуваат за модните помагала кои ќе им осигураат лажни центиметри.

Но иако е овој комплекс доста раширен, постојат многу успешни ниски мажи кои докажуваат дека центиметрите навистина не се битни. Дастин Хофман, Ал Пачино, Бруно Марс се само дел од познатите ниски лица.