Дали знаете кој беше дванаесеттиот играч на Манчестер Јунајтед против Баерн во 2001 година?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Да, кога ќе ја погледнете екипната фотографија на легендите од Манчестер Јунајтед пред почетокот на дуелот против Баерн Минхен во 2001 година, кој се одигра во Минхен, ако ги изброите играчите, ќе сфатите дека на теренот се излезени 12 играчи, што значи еден повеќе од дозволеното според правилата на фудбалот.

И не, не станува збор за никаква договорена фотографија, бидејќи „падобранецот“ кој позира како 12-ти играч на Црвените ѓаволи (во тој случај облечени во бели дресови) е измамник и мајтапчија кој решил да го реализира својот животен сон и план и да се слика со своите омилени играчи директно на терен, пред почеток на официјален натпревар.

Типот се вика Карл Пауер, а за овој негов подвиг објаснува дека планот го кроел како да прави воена стратегија.

„Го избравме Минхен за место на дејствување. Цела екипа се спремавме толку детално како да правиме воена стратегија. Со себе земавме три разни варијанти на дресови и шорцеви – црвена, бела и сина зошто знаевме дека сигурно ќе носат една од нив.

Дознавме во кој хотел отседнала екипата и прашавме еден од директорите на клубот во какви дресови ќе играат.

Стигнавме до стадионот каде се претставивме како телевизиска екипа. Обезбедувањето не пушти без никакви приговори. Стигнавме до теренот, а потоа со ситни чекори отидовме до вратата каде стоеа фоторепортерите. Застанавме да го набљудуваме загревањето.

Кога екипата одново се врати во тунелот и јас тргнав со нив облечен во опрема. Тогаш знаев дека ништо нема да ме спречи. Набрзо заедно со играчите истрчав на теренот. Гери Невил за малку не ми го сруши планот: тој прв примети непознат човек и покажа накај мене со прст. За среќа веќе беше предоцна: играчите се наместија за групна фотографија а фотографите мораат брзо да штракаат. Така и јас влегов во кадар како 12-ти играч“, објаснува Карл.