Дали знаете каде се наоѓа „островот од Џејмс Бонд“?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во заливот Фанг Нга, на Тајланд, сместени се островот Као Пинг Кан и 20 метри високото островче Ко Та Пу, кои заедно се познати како „островот на Џејмс Бонд“.

Името го добиле после 1974 година, кога на таа локација се снимени сцени од филмот „The Man With The Golden Gun“ од серијалот играни филмови со тајниот агент 007. Ко Та Пу се појави и во 18-от филм со Џејмс Бонд, „Tomorrow Never Dies“.

Сцена од „The Man With The Golden Gun“

Островите се наоѓаат во рамки на Националниот парк Ао Фанг Нга од 1981 година, а дотогаш биле практично непознати локалитети. Популарноста која ја стекнаа благодарение на серијалот за Џејмс Бонд доведе на таа локација голем број туристи, кои од една страна го популаризираат местото, но од друга страна оставаат многу ѓубре зад себе, со што се закана за екологијата на околината.

Со желба да се зачува природата и да се спаси импресивната карпа од ерозија, во 1998 година се донесе забрана за пристап на островчето Ко Та Пу.

Плитката и топла вода со блага клима оваа област ја прави исклучително богата со различна флора и фауна. На островот и во неговите подводни пространства се наоѓаат огромен број разновидни водни животни, стотици вида птици и многу други претставници на растителниот и животинскиот свет.