Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во Бугарија продолжуваат активностите за згаснување на граѓанското здружение што во неделата го отвори клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград и според одлуката на тамошниот суд, здружението ќе биде избришано од регистарот.
Според правосилната одлука, целите на Граѓанското здружение за заштита на основните индивидуални човечки права, кое е регистрирано во 2019 година, се спротивни на бугарските Устав и закони.
На страницата на бугарскиот централен регистар е наведено дека ова здружение има цели, меѓу другото, за заштита на правата на Македонците и на другите етнички малцинства во Бугарија, во согласност со Рамковната конвенција за заштита на малцинствата, а бугарскиот Устав не познава малцинства.