Дали Xiaomi ќе го лансира првиот смартфон со 16 GB RAM?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кинескиот производител на паметни телефони Xiaomi неодамна поднесе барање за заштита на името POCO F2, што алудира на тоа дека наскоро можеме да го очекуваме појавувањето и достапноста на новиот телефон од нивната производствена линија.

Но, тоа не е единствениот смартфон на кој работи кинеската компанија. По интернет кружат гласини дека можеме да ја очекуваме третата генерација на Black Shark со поддршка за 5G, а од конкуренцијата ќе се издвојува по меморијата од дури 16 GB. Во случај никој да не го престигне Xiaomi во меѓувреме, Black Shark 3 5G ќе биде првиот телефон во светот со 16 GB меморија.

Освен информациите како големината на екранот и камерите, моментално не е познато ни кога Xiaomi ќе го претстави новиот уред. Кон крајот на февруари во Барселона ќе се одржи Светскиот мобилен конгрес, на кој многу компании ќе претстават нови телефони, таблети и часовници, па можеби тогаш ќе ги видиме и новите уреди на Xiaomi.