Дали вршите проверка на телефонот на вашиот партнер: Експертите откриваат зошто тоа не треба да го правите?!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Се чини дека многу луѓе не можат да одолеат да дознаат дали се крие нешто во животот на нивниот партнер.

Денес е полесно од било кога да се „шпионира“ партнерот. Поглед во нејзиниот или неговиот паметен телефон може да открие многу.

Доволно е да се фрли поглед на пораките, мејловите, историјата на пребарување, за да се дознае што се случува во животот на таа личност. Но, ако е достапно, значи ли тоа дека е правилно да се прави?

Истражување од 2014. година кое го спроведе Аваст, покажа дека една од четири жени и еден од пет мажи проверуваат што се крие во телефоните на нивните партнери.

Проверувањето на информациите во телефонот на партнерот само може да разбуди чувство на несигурност во врската, вели Курт Смит и и ќе ве внесе во подлабоки проблеми.