Дали во скопска Железара на повидок е нова еколошка закана?


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


По информациите дека за скопската населба Железара се изработени урбанистички планови со кои се предвидува нова тешка загадувачка индустрија, причина за загриженост сега се и парцелите во близина на фабричкиот комплекс, каде што се шпекулира дека ќе се обработува опасен индустриски отпад.

Станува збор за една од најпогодените еколошки области во градот, каде што се планира изградба на постројки за термички, физички и хемиски третман на фабрички отпад.

Екоактивистите се сомневаат дека локацијата меѓу другото ќе биде искористена дури и за увоз на радиоактивен отпад.

Еколозите тврдат дека парцелите се во државна сопственост и дека ќе бидат продадени на инвеститор кој е веќе познат, но не смеат да го откријат. Дополнителен проблем е што низ ова земјиште поминува водоводната мрежа за селата Црешево и Смилковци.

Од општина Гази Баба велат дека утре ќе го прекинат молкот на темата и ќе одговорат на сите прашања. Во претходна изјава, градоначалникот Георгиевски напомена дека станува збор за локација надвор од урбано Скопје и дека отпадот кој ќе се третира нема да биде опасен.

Во меѓувреме, почнува да се решава и проблемот на друга критична еколошка точка во градот. Малата депонија во Охис почнува со активности за чистење на линданот, откако денеска е потпишaно решението за чистење на овој опасен отпад.

Дел од линданот кој со децении ја труе околината, треба да биде отстранет од малата депонија за помалку од една година, а засега нема најави за негово чистење од големата депонија во кругот на фабриката.

Како што соопштија од Владата, извозот на линданот ќе се реализира во Франција, а контаминираната почва ќе се носи во Холандија.