Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го „возврати ударот“ кон Сашо Мијалков?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


После писмото кое исклучениот Сашо Мијалков му го упати лично на претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од партијата уште се немаат официјално огласено со реакција на истото.

Високи извори од партијата најавуваат одговор на писмото деновиве, но тој нема да бил како што велат „таков како што очекувала јавноста“, без да прецизираат каков ќе биде.

Мијалков вчера во отворено писмо ги отфрли, како што наведе, лажните обвинувања фрлени врз него од луѓето кои до вчера се потпирале на неговиот труд, резултати и авторитет. Во писмото, во кое му се обраќа лично со Христијан, го обвинува и за лажен патриотизам, за игри во партијата поврзани со осумте пратеници кои гласаа за уставните измени, а и директно го прашува за “бизнисот со хидроцентралите“ и наводно иземање од истражна постапка на СЈО за случајот Талир.

Мијалков по седницата на централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ минатата недела беше исклучен од партијата. Потпретседателот на партијата Александар Николоски тогаш рече дека другиот потпретседател Митко Јанчев, Сашо Мијалков и поранешниот министер за здравство Никола Тодоров имале силна соработка со Зоран Заев и организирале група за уцени, закани и поткуп на пратеници.

Мијалков вчера најави и тужба поради ваквите изјави на Николоски. Покрај него од партијата исклучија и други членови, како Тодоров, Јанчев и пратениците кои гласаа „за” уставните измени.