Дали „ветингот“ ќе открие дека полицајците се побогати и од власта?


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Во Министерството за внатрешни работи започна долгонајавуваниот кој се инициран прво преку УБК, а потоа со новото законско решение и во другите ресорни сектори. Министерот Спасовски вели дека законот наскоро ќе се најде пред пратениците. Ќе бидат скенирани интегритетот, стручното образование, имотната состојба и евентуалните криминални активности на вработените.

Четирите големи сефови во внатрешната контрола на МВР ги кријат податоците за имотната состојба на полицајците, пренесува Телма.

Сите полицајци имаа обврска да поднесат имотен лист, ама никогаш не им биле проверени или ги надополниле. И таа проверка на имотната состојба на полицајците била премногу сложена за властите, па поради тоа сега со новиот закон од јануари е укината обврската полицајците да си го пријават имотот. Сефовите кои се странска донација ќе останат празни, ГРЕКО ќе бара да се најде начин да се истражи имотот на полицајците. А министерот Спасовски кој денеска ја повтори и официјално најави измени за полициски ветинг иако веќе се откажал од една мерка за проверка тврди дека има полицајци кои заработиле повеќе од успешни бизнисмени.

Ветингот како проверка на она што го работеле полицајците, но и судиите и обвинителите се спроведувал во Албанијa.

Над 100 полициски офицери си дале оставка попрво отколку да прифатат да бидат испрашувани што работеле, вели Слаѓана Тасева од Транспаренси интернешнл која потенцира и дека во Албанија дури се проверувало со кои фигури од организираниот криминал контактирале полицајци, судии и обвинители.

Но кај нас ветингот се уште се предлага само за полицајци, иако експертите велат дека треба да ги опфатат и останатите структури кои се борат со криминалот, а се подложни на корупција.

Спасовски најавува брзо законско решение за ветинг односно проверка на полицајците, а внатрешната контрола која сега треба да го гони криминалот на сините униформи и натаму е во бараката до МВР, а според ГРЕКО нема ниту капацитет ниту доволно луѓе ниту средства за да стане независно од политиката.