Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Независно дали доручкувате овошен „смути“, или со некоја друга здрава намирница и сок од портокал, веројатно сте горди на себеси бидејќи денот го започнувате со здрава храна. Но, имаме лоши вести за вас – многу од намирниците и производите кои се познати како здрави, во суштина не се баш такви.
Кафето со млеко, на пример, „смути“ или турскиот леб се спротивност на она за кое што важат. Нутриционистката Сузи Барел открива дека вашиот „здрав“ доручек всушност ве „убива“ и укажува на најчестите грешки кои луѓето ги прават мислејќи дека си прават нешто добро со тоа.
Три најчести грешки при изборот на намирници за доручек
„Основната грешка е тоа што доручкувате предоцна, помеѓу 9 и 10 часот. Колку порано го изедете вашиот прв оброк, толку подобро за вашиот метаболизам“, вели нутриционистката.
Второ, не сте свесни колку вашиот кофеински напиток содржи калории во себе, така што многу лесно можете да добиете на килажа ако тоа не го земате во предвид.
„Кафето со млеко, познато и како бело кафе, има отприлика ист број калории колку и еден тост, имајте го тоа на ум“, вели Барел.
Третата грешка е недоволното консумирање на протеини наутро.
„Доручекот кој изобилува со јаглехидрати, како тостот, лебот и обичните житарки, нема да ве засити до ручек. Треба да внесете барем 20 грама квалитетни протеини за вашето ниво на глукоза и инсулин да биде под контрола“, објаснува Сузи.
Што треба да се јаде наутро?
Нутриционистката препорачува две јајца или потпечен крав со сирење или грчки јогурт, или пак, едноставно протеински напиток.
„Обидете се добро да си го испланирате доручекот уште од претходната вечер. Мислете на тоа да има доволно протеини, подготовете го однапред за наутро само да го изедете или едноставно да го спакувате и да излезете од дома (ако брзате на работа). Избегнувајте ги големите количини на кафе, природни сокови или турски леб по секоја цена“, советува таа.
Најважно е да доручкувате пред 8 часот, бидејќи раноутринскиот оброк го забрзува метаболизмот и нема да чувствувате толку голем глад во остатокот од денот, а особено навечер, што е проблем кај многу луѓе, пишува Daily Mail.