Дали Ванда „случајно“ го откри новиот клуб на Икарди!?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Мауро Икарди и понатаму е главна тема на Апенините, откако раководството на Интер одлучи да му ја одземе капитенската лента на Аргентинецот.

Од тогаш Икарди наводно е повреден и е надвор од тимот, па не се знае кога ќе се врати на терените. Италијанските медиуми тврдат дека Икарди одбива да се врати се додека клубот не му ја врати капитенската лента или јавно не соопшти зошто му ја одзел.

Се поглесни се шпекулациите дека Икарди на крајот на сезоната ќе го напушти Интер, а неговата сопруга и менаџер Ванда Нара можеби „случајно“ откри во кој клуб ќе ја продолжи кариерата Аргентинецот.

Имено, Ванда е многу активна на социјалните мрежи и ја следат милиони луѓе, а таа денес почна да го следи Реал Мадрид.

Тоа не би било чудно, ако Ванда до денес не следеше само еден фудбалски клуб, а тоа беше нормално Интер.

Друга индиција дека Икарди може кариерата да ја продолжи на „Сантиаго Бернабеу“ доаѓа од Шпанија. Денешното издание на „Марка“ пренесува дека Реал Мадрид ќе се обиде да ги победи Јувентус и Наполи за потписот на Мауро Икарди.

„Марка“ додава дека клаузулата за откуп на Икарди во висина од 110 милиони евра веќе не е актуелна, а цената на Аргентинецот значително опаднала по скандалот со одземањето на капитенската лента.

„Кралевите“ се спремни да платат помеѓу 40 и 50 милиони евра за неговиот потпис и во Аргентинецот гледаат идеален наследник на Бензема.