Дали вака почна врската меѓу претседателскиот кандидат Макрон и неговата професорка од средно?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бракот на Емануел Макрон и неговата 24 години повозрасна професорка од средно школо, Бриџит Троњо, не престанува да ги полни француските медиуми и да предизвикува внимание кај француската јавност.

Тие двајца се зближиле после една школска претстава во која Макрон имал улога, а таа ја осмислила истата На интернет Французите ископаа и една 24 години стара снимка од таа „фатална“ изведба на претставата.

Снимката е направена во 1993 година, а на неа Макрон е прикажан како слегува од сцената после завршената претстава, Бриџит му приоѓа, му пушта рака да му честита и го бакнува во образ. Макрон тогаш имал 16 години.

Троњо тогаш веќе беше во брак и имаше три деца, а нивната романса штотуку почнуваше да се појавува во зародиш и најава.