Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Судејќи според тековните тенденции и планови, Apple од 2021 година има план да започне продажба на Mac копјутери во кои се наоѓаат нивни сопствени процесори.
Технолошкиот гигант работи на три спопствени Mac процесори кои ќе бидат засновани на А14 процесорот кој ќе се најде во следниот iPhone уред.
Овие индикации дека се работи на повеќе од еден процесор за Mac компјутерите веројкатно значат и прекинување на соработката на Apple и Intel компанијата.
Компонентие ќе се базираат на технички процес на изработка од 5 нанометри, иста големина која Apple ќе ја користи во наредните iPhone и iPad Pro уреди, велат за „Bloomberg“ анонимни извори, пренесува овој медиум.
Ако Mac, iPhone и iPad би работеле на иста основна технологија, тоа за Apple би можело да значи обединување на екосистемот на апликации и почесто ажурирање.
Овој потег исто така би го намалил потпирањето на Intel кој веќе со години се бори да остане на врвот, кога станува збор за производство на процесори.