Дали топењето на мразот на Антарктикот открива мрачна нацистичка тајна?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Иако Антарктикот е прекриен со огромни слоеви мраз и снег, тоа не ги спречува теоретичарите на заговори да веруваат дека токму таму се крие нешто за што никој не би требало да дознае.

Еден YouTube корисник во рамки на неговите теории на заговор, тврди дека забележал необичен објект долг 100-тина метри, па своето откритие го сподели со светот.

„Ова има форма на подморница. Ако го погледнете врвот, можете да забележите дека изгледа како сивкаста боја на челик. Ова е нешто кое го направил човек“, вели теоретичарот.

Е сега малку реалност наспроти теориите на заговори. Не станува збор за ништо невообичаено, со оглед на фактот дека дури 784 германски нацистички подморници биле пријавени како потонати или исчезнати. Сепак, снимката од ова „откритие“ предизвика голем број реакции.

Тајна база

Голем број теоретичари на заговори веруваат дека токму на Антарктикот Хитлер изградил тајна нацистичка база.

Вистина е дека Германците во 1938 година испратиле тим истражувачи на Queen Maud Land и дека тоа го документирале. Но, целта на таа експедиција била да најдат нова станица за лов на китови, поради потребата од нов извор на масти за производство на маргарин и сапун, со цел да не бидат повеќе зависни од норвешкиот лов на китови за таа намена.

Сепак, никаква база, ниту станица за лов на китови никогаш не биле изградени. Германските на таа територија својот прв истражувачки центар го изградиле во 1981 година.