Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По масакрот кој го направи малолетникот Коста Кецмановиќ во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, закажани се итни состаноци во училиштата во Македонија.
Ова го посочува министерот за образование и наука, Јетон Шаќири. Тој и натаму како прва мерка ја гледа забраната за употреба на „Тик-ток“ поради материјалите што се пласираат.
„Ќе имаме состаноци со институциите, кои треба да утврдат кои би можеле да бидат последиците од ‘Тик-ток’ и какви материјали има во тие мрежи. Една од причините за рестрикции е ако во институциите за безбедност се потврди дека има лош материјал за употреба на ‘Тик-ток’. Заедно со Министерството за информатичко општество, ќе ги разгледаме сите можност за начинот на употреба на апликацијата. Не само во нашата земја туку и во други земји се гледаат овие мрежи како места од каде што децата земаат материјали“, рече Шаќири.
Тој додаде дека и во училиштата во тек се активности по масакрот во Белград за заштита на учениците.
„Ќе се разгледа како стоиме со кадар – психолози и педагози. Со анализа ќе се види што тие може да придонесат во училиштата. Добив информации дека се закажани и итни состаноци на ниво на училишта. Ќе има и состаноци со психолози. Ова се првичните мерки, па потоа ќе видиме за конкретен протокол на мерки. Завршува оваа учебна година, па ќе имаме конкретни мерки, повеќе прирачници“, додаде Шеќири.