Дали тие две се новиот славен љубовен пар?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако новинарите ги затекнаа како се бакнуваат во јавност, американските медиуми почнаа да шират гласини дека Парис Џексон и Кара Делевињ се во љубовна врска.

Тие две изминативе неколку месеци се дружат интензивно, а најмногу ги поврзува заедничкиот интерес и факт дека Кара е фасцинирана од покојниот татко на Парис, кралот на поп музиката Мајкл Џексон. Како големи вљубенички во музиката, Кара и Парис ноќите ги поминуваат со гитара и микрофон.

Како што пренесува Harper’s Bazaar, Делевињ и Џексон неколку пати се видени во јавност како танцуваат заедно, се бакнуваат и прегрнуваат. Минатата година беа снимени како преку противпожарните скалила се искрадуваат од ноќен клуб и тогаш почнаа да кружат гласините дека се нешто повеќе од добри пријателки.

Нивните профили на социјалните мрежи се полни со кадри и фотки од нивниот близок однос. Неодамна на Инстаграм споделија фотографија на која лежат прегрнати во кревет.

Кара и Парис не ги коментираат медиумските шпекулации за нивната наводна врска. Кара неодамна изјави дека нема доволно време за врзување поради професионалните модни и актерски. Но, испаѓа дека има доволно време за приватно дружење со Парис.

Дали станува збор за медиумско „кревање прашина во празно“ или „каде што има чад, има и оган“, останува да покаже времето.