Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Б92“ пренесува дека српскиот „Телеком“ е заинтересиран за купување на Телеком Албанија, јави „Б92“. Тој потег е во согласност со најавената намера на српскиот оператор да се шири во регионот.
„Цел на Телеком Србија е да се позиционира како регионален лидер во областа на телекомуникациите. Дадовме понуда и во тек е разгледување“, пишува „Б92“ повикувајќи се на извори во Телеком Србија.
Не се дадени детали за понудата. Телеком Албанија е втор најголем оператор во Албанија.