Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Првата дама на САД, Меланија Трамп предизвика бројни реакции на социјалните мрежи откако беше фотографирана со нејзиниот сопруг за време на посетата на поплавените подрачја во Тексас како носи високи штикли и пилотски очила.
„Пристигнува помош во Тексас. Не се грижите, Меланија ги носи своите штикли со шпиц специјално за ураганот“, напиша на Твитер комичарот Бред Волак додека Џеј Ди Алтман напиша дека некој треба да ѝ каже на Меланија дека штиклите треба да ѝ бидат малку повисоки за таа поплава.
Комичарката Џесика Кирсон пак напиша дека идејата на Меланија е одлична и дека може да собира отпадоци со високите потпетици.
„Меланија изгледа како Барби да помага во поплавите“, напиша Марија дел Русо.
Покрај високите потпетици, Меланија беше критикувана и за зелената авијатичарка јакна и очила.
Нејзиниот сопруг, Доналд Трамп, без кравата се подготвил за дождот, облечен во јакна со знак на претседателството и во обувки кои изгледаа водотпорни.
Корисниците на социјални мрежи за Меланија искоментираа дека била облечена како за во Top Gun и се прашуваа дали таа го управувала авионот до Тексас.
Меѓутоа не беа сите коментари комични имаше и такви кои луто го коментираа стајлингот на Меланија дека луѓето се борат за живот и дека тоа не е фото сесија или модна ревија.