Вебкафе

Дали сте знаеле: Овој е најдобриот начин за јадење „Ресани“

Една од рекламите кои влегоа во историјата е онаа на која обожвателите на Jaffa кексот дознаа дека колачите кои ги обожаваат можат да ги јадат така што најпрвин ќе направат гриз со кој ќе направат остаток во форма на полумесечина, а потоа ќе го изедат и него.

Но, 20-тина години подоцна, McVitie’s одлчи да објасни дека тоа, сепак, не е најдобрата техника за јадење Jaffa кекс.

Наместо тоа, тие предлагаат дека е подобро првин да го грицкате работа, а потоа да ја изедете средината со желе од портокал. Е сега, тврдењево не им е од ракав, бидејќи до таа констатација дојдоа консултурајќи се со експертот за храна и вкусови, доктор Стјуарт Фаримонд, кој пак, користел научни методи за да утврди дека најдобро е прво да ги изедете рабовите, а потоа средината.

„Техниката на грицкање по работ обезбедува речиси совршен сооднос на портокал, горко чоколадо и пенест бисквит“, напиша Фаримонд во извештаојт за McVitie’s. Техниката дури си има и стручно име – точка на хедонизот.

McVitie’s направи дури и истражување кое покажа дека само 28 проценти од обожавателите на Jaffa кексот нивниот омилен десерт го јадат на таков начин. Други 35 насто го јадата во два залаци, со таканаречената техника на полумесечина,  Фаримонд тврди дека тоа е втора најдобра техника на јадење Jaffa кекс.

„Направивме истражување за да го најдеме најдобриот сооднос на чоколадо, желе и бисквит. Со оглед на тоа дека желето се наоѓа на средина, различните техники на јадење на кексот ќе резултираат со различна комбинација и сооднос на трите состојки во еден гриз. Нјмногу луѓе ја користат техниката на полумесечина,  нашето истражување покажа дека точката на хедонизмот го нуди најдобриот, совршен сооднос“, вели Фаримонд.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top