Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Нему едноставно му е тешко да ја признае таа вистина
Сигурно сте веќе запознаени со многуте термини во светот на врските. Сетете се само на „ghosting“, „cushioning“ или „hyping“, сите тие означуваат некое непосакувано однесување во односот кој еднаш или повеќепати сме го искусиле на своја кожа, а можеби не сме биле ни свесни.
Еден од нив е и „caspering“ – наместо потполно да исчезне од твојот живот, фраерот со тебе оддржува контакт за да знаеш дека е тука, но нема да навлезе во ништо подлабоко. Кога веќе нема да може да издржи, смирено и пријателски ќе ти даде до знаење дека не е толку загреан за тебе.
Еве како ќе знаеш дали си жртва на „caspering“:
1. На сите твои пораки одговара со кратки реченици
Фантастично е што секогаш има време да одговори на твоите пораки, но лошото е што на нив одговара со кратки реченици, со кои лесно може да се види помалата заинтересираност. Ти обично имаш многу тоа да кажеш, а тој одвај пишува нешто смислено или само одговара кога нешто ќе го прашаш. Кога момчето е загреано за некоја жена, тој ќе се потруди да го оддржи разговорот интересен.
2. Секогаш има изговор зошто не може да се види со тебе
Презафатен е, а и надвор од работата има неодложливи обврски? Постојано истите изговори ги упатува на тоа дека баш и не е заинтересиран за дружење со тебе, но му е тешко да ја признае вистината.
3. Ти ги споменува фраерите со кои одлично би се согласувала
Постојано зборува дека еден негов пријател би бил супер за тебе? Ако тој се труди да приметиш други момци, суптилно сака да ти каже дека помеѓу вас не може да има ништо повеќе.
4. Ако сте на иста забава или некој настан, тој брзо те губи од видокругот
Дури и ако му посочиш, изгледа дека не му е драго што те гледа, но почнува да разговара со тебе од пристојност. Верувајте, се чувствува дека некој зборува со другиот преку својата волја.
5. Ти нему прва му се јавуваш
Се чини дека на вашата „врска“ ќе и дојде крај ако оддеднаш престанеш да се јавуваш. бидејќи си ти секогаш првата која му пишува или му се јавува. Едноставно нема доволно интерес за тебе и за вас како пар, па ќе биде најдобро за тоа да разговарате.
6. Нешто ти зборува дека тој не е за врска
Секако дека нема секогаш да се потпираш само на внатрешниот глас, но интуицијата не треба да ја игнорираш. Твојата потсвест може да собере вакви работи, особено ако кон тебе се однесува како една од неговите дечки. Слушај ја својата интуиција бидејќи може да ти каже многу за тоа што можеби не сакаш, но треба да го чуеш.
7. Ти кажал (суптилно) дека не е заинтересиран
Ако на смирен и пријателски начин веќе ти дал до знаење дека едноставно не си доволно напната, тогаш тоа е тоа.