Дали сте во вистинска врска и колку тоа ќе потрае? – Откријте во тестот на познатиот психолог


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Професорот по психологија, Гари Левандовски смисли научен метод за кој тврди може да се предивди дали врската може да потрае.

Како да знам дека сум во вистинска љубов? – е прашање кое го слушнал професорот. За да не му одговара на секој посебно, тој смислил научен метод за кој тврди дека може да предивди дали врската ќе потрае. Методата се состои од листа прашања внимателно смислени да го вклучат инстинктот, но и разумот, бидејќи се, како што вели Левандовски, и едното и другото се неопходни кога носиме важни одлуки. Само еден одречен одговор не е добар знак. Токму оваа исклучливост им засметала на некои психолози бидејќи сметаат дека тестот не е релевантен, бидејќи секоја врска има фази, и дека на некои ставки може да се работи за да стигнеме до потврден одговор. Критичарите на овој тест исто така истакнуваат дека во стартот некои ставки се спорни, како прашањата број 6 и 8. Па вие пресудете сами…

1. Дали вашиот партнер ве прави подобра личност и обратно?

2. Дали се потпирате еден на друг, блиски сте и не се грижите дека таа другата страна ќе се заврти и ќе замине?

3. Дали се прифаќате еден со друг, без потреба да се менувате еден со друг?

4. Кога настапуваат несогласувања, дали разговарате без негативност?

5. Дали ја делите моќта и влијанието и заедно одлучувате во врската?

6. Дали еден со друг сте најдобри пријатели?

7. Дали повеќе размислувате во категоријата „ние“ отколку „јас“ и „ти“?

8. Дали би ги споделиле лозинките за социјалните мрежи и банкарските картички?

9. Дали имате добро, но не и преценето мислење еден за друг?

10. Дали вашите и неговите блиски пријатели мислат дека имате фантастична врска која ќе го мине тестот на времето?

11. Дали вашата врска е ослободена од љубомора, неверство и контролирано однесување?

12. Дали делите исти вредности кога се во прашање политиката, религијата, значењето на бракот, желбата за деца и нивното воспитание?

13. Дали сте подготвени да ги жртвувате сопствените желби, потреби и цели поради тој другиот, а да не бидете потчинети?

14. Дали двајцата сте емоционално стабилни?

15. Дали сте сексуално компактибилни?