Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Преголема или премала желба, таа е токму каква што вие ја сакате во моментот. Сексуалната желба, односно либидо варира од личност до личност. Но, како да знаеме дали сè е во ред со нашето либидо кога ќе се соочиме со некои осцилации во својот сексуален живот?
Сексуалните терапевти секако се согласуваат дека зборот „нормално“ е прилично еластичен збор кога се работи на оваа тема. Нешто што и е нормално на една личност, за друга нема да биде, па затоа на оваа тема мора да пристапите индивидуално. Всушност, промената на либидото станува проблем само ако ви пречи вас или на вашиот партнер.
Ниско либидо
Ако намалената сексуална желба ви создава проблеми и грижи, постојат причини за тоа. На пример, различните хронични болести може да ја намалат желбата за секс, но и болестите од психолошки карактер како што е депресијата или анксиозноста. Она што има големо влијание се лековите кои се користат за лекување на одредени болести. Уште еден битен факт е и самиот однос во врската. Ако имате проблеми со партнерот, голема е веројатноста дека ќе дојде до намалување на сексуалната желба.
Голема улога играат и хормоните. Кај жената малото количество на андрогени хормони значи намалена сексуална желба. Количината на тестостероните кај нив не игра значајна улога, додека пак кај мажите таа врска е многу јасна – помалку тестостерон послабо либидо.
Високо либидо
Сосема е во ред кога чувствувате невообичаено голема желба за секс, бидејќи високото либидо не претставува лоша работа. Како што е погрешно мислењето за ниско либидо поврзано со асексуалноста, така е погрешно и мислењето дека високото либидо е поврзано со хиперсексуалноста.
Најчести причини за високо либидо може да биде стресот и фрустрациите, но и некои психоактивни работи. Проблемите може да се појават кога единствен начин за опуштање и редуцирање на стресот станува сексот. Стручњаците советуваат дека тоа всушност е првиот чекор кон хиперсексуалноста.
Како да го избалансирате своето либидо?
Првиот совет кој сексуалните терапевти ви го предлагаат е мастурбацијата. Треба самите да го истражувате вашето тело, да видите што ви одговара, па на тој начин ќе бидете посамоуверени пред себе, но и пред партнерот. Ако чувствувате дека промените во сексуалните желби ви ги нарушуваат мирот во врската, учествувајте во некоја спонтана активност со партнерот која можеби ќе ви помогне најпрво да се поврзете на емоционално ниво, бидејќи емоционалната и психичката состојба влијаат на онаа физичката, па така и на интензитетот на либидото.