Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тело на помлад маж е пронајдено во водите на Дунав кај Ада Хуја. Како што дознава и пренесува српски „Блиц“, гардеробата на мажот во принцип соодветствува со описот на гардеробата што ја носел Матеј Периш од Сплит ноќта на неговото исчезнување.
Телото утрово околу 9.30 часот го пронашле морнари. Се чека идентификација, пренесува Блиц.
Од 31.декември се трага по Матеј Периш. Во повеќемесечна потрага беа вклучени и српски и хрватски полициски сили, нуркачи од Србија, а за негово евентуално појавување имаше дојави од граѓани од регионот, но и до Европа.