Дали СПЦ конечно ќе го затвори црковното прашање со Македонската православна црква


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Денеска во Белград, Српската православна црква (СПЦ) треба да ја одржи седницата на својот Соборот, по што се очекува да биде соопштено до каде е дојдено во разговорите со Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА).

Годишната седница на Соборот на СПЦ редовно се одржува во мај и на неа присуствуваат владици од Србија и странство. На Соборот се одлучува со мнозинство гласови, а гласот на патријархот е пресуден само кога тој однос е изедначен, но добива на тежина со неговиот личен авторитет. На крајот од седницата Соборот издава соопштение за донесените одлуки, но не се исклучени и соопштенија во текот на нејзиното одржување за некои особено важни прашања.

Како што пренесуваат српските медиуми, јавност во Србија деновиве од македонските медиуми дознала за „тајни разговори меѓу СПЦ и МПЦ-ОА“, но и дека вселенскиот патријарх Вартоломеј ја призна македонската црква за канонска „под името Охридска архиепископија“. Сепак, како што посочуваат белградските медиуми, конечниот статус на МПЦ-ОА „допрва треба да се утврди“, а разговорите на црковната релација Белград – Скопје продолжуваат. Според српските медиуми, со својата одлука „за канонско признавање на Охридската Архиепископија“, патријархот Вартоломеј дејствувал како „прв по чест“ кој ги решава недоразбирањата меѓу црквите и дека преку признавањето на МПЦ за канонска „сака да ги преземе нејзините епархии во странство“.