Дали следната година ќе го видиме првиот iPhone без ниту еден приклучок на него?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На интернет веќе кружат гласините дека технолошкиот гигант Apple има намера целосно да ги отфрли сите видови приклучоци на нивните телефони и дека во блиска иднина можеме да го видиме првиот iPhone без ниту еден „влез“ во него.

Поточно, според споменатите гласини од светот на технологијата, ова наводно, ова би можело да се случи следната година.

Ова прво го објави Твитер корисникот „9TechEleven“, а тој и претходно имал инсајдерски информации кои се покажувале како точни.

Аналитичарот Џон Просер од сајот „Front Page Tech“ се согласува со ова мислење, а тоа ни говори дека е скоро извесно дека тоа навистина ќе се случи. Како што вели тој, најмалку еден Ајфон модел следната година ќе биде без приклучоци, пренесе „Ubergizmo“.

Ова е особено интересно затоа што многумина мислеа дека Епл од „Lightning“ приклучокот ќе прејде на „USB-C“, но овие гласини, доколку се ипостават како точни, значат дека тој чекот би можел да биде прескокнат.

Вистина е дека Ајфон моделите моментално подржуваат безжично полнење, но доколку компанијата се одлучи на ваков потег, тоа сосема сигурно би бил голем ризик.