Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Се брои ситно до истекот на залихите на природен гас од БЕГ, откако компанијата синоќа „крена раце“ и кажа дека од вечерва нема да испорачува топлинска енергија.
Побараа Владата да го преземе раководството се до завршување на кризната состојба во оваа грејна сезона. Но, Владата и Регулаторна во текот на целиот ден кројат планови, а решение се очекува во последен момент.. Синоќа од РКЕ кажаа дека доколку БЕГ навистина ги исклучи радијаторите тогаш ќе и ја одземат лиценцата, а државата ќе ја преземе одговорноста за испорака на топлинска енергија.
Од БЕГ пак велат дека според нив лиценцата нема да им биде одземена, бидејќи на преговорите со Владата кои се уште траат, се повикуваат на Законот за кризи според кој државата е должна да обезбеди топлинска енергија во време на криза.
„БЕГ се повикува на член 33 од Законот за кризи за да ѝ даде на Владата легална можност да обезбеди финансирање за потрошувачите на топлинска енергија. Ова не подразбира одземање на лиценците. Сè уште се во тек преговори помеѓу БЕГ и Владата.“ БЕГ
Новиот заплет следува откако вчера Владата кажа дека нашле привремено решение и за струјата и за парното. Му наложија на ТЕ-ТО да работи 7 дена во неделата и вишоците струја да ги продава на ЕСМ по цена од 170 евра за мегават час, а топлинската енергија да биде насочена за БЕГ. Но доцна синоќа и од ТЕ ТО ја одбија понудата, со образложение дека цената е прениска.. Велат, дека струјата што ја произведуваат од природен гас до крајот на месецот ги чини 100 евра повеќе, односно 270 евра за мегаватчас.