Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дали симптомите на бременоста можат да ви кажат дали имате момче или девојче?
Дознавањето дека сте бремени е возбудливо исто како и денот кога откривате дали носите машко или девојче…
Било да одлучите да го задржите ова изненадување за самиот ден на породувањето или едноставно не сакате да го откриете на сите сè додека не се породите, една работа е битна: ќе сретнете многу луѓе кои ќе ви кажат дека знаат дали бебето е машко или женско.
Веројатно сте ја слушнале приказна за два различни знаци кои можат да ви го откријат полот на вашето дете. Дали бебето го носите ниско? Сигурно е девојче. Дали ви кожата е сува и ве чеша? Па, тоа значи дека ќе родите син. Но, дали навистина постои вистина во овие интересни приказни или не?
Не баш, кажуваат експертите. “Иако многу култури и друштва развиле методи за предвидување полот на фетусот, не постои ниту еден научен доказ,” рече Сонја Абдел, асистент за гинекологија на Јејл Универзитет.
Што предизвикува студени нозе (синче е!) или вашата коса да стане тенка (девојче е тогаш, иако!) ? Тоа се разликува од жена до жена, вели Сонја. Можете да искусите физички промени во зависност од општата леснотија или тежина на бременоста. Вашите симптоми (како што е жед за краставчиња на пример) може да бидат поврзани со комбинација на одредени хормони, здравјето кое сте го имале пред бременоста и варијацијата на надворешните фактори низ кои поминувате во текот на бременоста – воопшто не се поврзани со полот на вашето бебе.
Може да постои голема варијација кај една жена од една бременост до друга. “Секоја бременост е уникатен предизвик кој е одраз на се што ја опкружуваат концепцијата,” додава Сонја. “Со секоја бременост, жената остарува, има повеќе одговорности (спрема децата итн.), нејзиното тело памти претходни бремености и може да почувствува симптоми кои не ги имала во претходните.”