Дали „Симпсонови“ во 1997 година го предвидоа победникот на Светското првенство 2018?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во популарната анимирана серија „Симпсонови“, уште во 1997 година, наводно е предвиден можниот исход од финалето на Светското фудбалско првенство кое оваа година се игра во Русија, пренесува Washington Post.

Според овој американски медиум, одредени толкувања на епизодата од „Симпсонови“ од 2 ноември, 1997 година, ушатуваат на тоа дека победник на овогодинешното Светско фудбалско првенство ќе го даде дуелот помеѓу Португалија и Мексико.

Дали и во овој случај, како и претходно во многу други, „Симпсонови“ ќе испаднат профетски фраери, останува да видиме очекувајќи го финишот на Светското првенство во Русија. Од досега прикажаното на двете споменати репрезентации, авторите на анимираната серија не се далеку од успех во прогнозата.