Дали шипката на Џеј Ло ќе ѝ донесе номинација за Оскар?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


50-годишната пејачка, танчерка и актерка Џенифер Лопез својата шоубизнис кариера пред 28 години ја започна токму како танчерка, соработувајќи во 1991 година со Џенет Џексон и New Kids On The Block. Потоа, од танчерските се префрли во пејачки и актерски води, останувајќи во центарот на шоубизнис индустријата.

Иако скоро три децении е на врвот на популарноста , како една од најдобрите пејачки и меѓу најбараните и најдобро платени актерки во Холивуд со снимени над 30 филмови , дури за сега, за најновиот филм „Hustlers” добива позитивни критики и од луѓето кои не ѝ биле наклонети.

Џеј Ло во филмот ја глуми стиптизерката Рамона, а за оваа улога веќе има најави дека ќе биде номинирана за Оскар.

Џенифер и покажа и на јвноста колку напор бил потребен за да се достигне умешноста , играта и ликот во филмот. За само два и пол месеца морала да совлада танц на шипка , така што напорните тренинзи ќе бидат наградени.