Дали, сепак, намаленото загадување со користење на е-автомобили не е само мит?


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Откако се посомнева во картелот на т.н. „примерна” германска бранша во светот, Волфсбург, Штутгарт и Минхен се на удар на многу злобни коментари. Тоа е разбирливо, бидејќи веродостојноста на производителите на автомобили е разнишана по аферата околу дизел моторите.

Концерните наведнаа глави. Тоа е и разбирливо, бидејќи истрагата на надлежните институции за заштита на пазарната конкуренција само што почна, значи и во овој случај вреди таа старата, според која, секој е виновен додека не му се докаже вината. И како второ: секој погрешен збор може да биде многу скап.

Веројатно наскоро ќе зборуваат само правниците.

Сообраќајниот пресврт против енергетскиот пресврт

Секако дека самоповиканите противници на автомобилите и моторите со внатрешно согорување сега се радуваат. Бидејќи конечно го својот непријател, загадувачот на околината кој се движи на фосилни горива, го гледаат пред ѕид.

Но, некако и овој пат се е како што беше и со замрсениот енергетски пресврт. Гроб за милијардите. Државата го пропиша, во согласност со тоа и богато го субвенционираше. И сеедно германските фирми од соларната бранша пропаѓаат по ред. Ветерниците никој не сака да ги има во сопствениот двор, а непопуларни се и новите траси за дистрибуција на струја.

Кај моторите со внатрешно согорување сега се поставува истото прашање како и кај енергетскиот пресврт. Клучниот приговор таму гласеше: од каде ќе добиваме струја и топлотна енергија кога еден ден ќе ги исклучиме сите конвенционални електрани?

Е-возило? Ни тоа не е решение.

Кај автомобилите е прашање: со што ќе се возиме ако се забранат моторите со внатрешно согорување? Со електрични возила, тоа е јасно! Така гласи главно брз одговор. И токму во тој џбун лежи зајакот! Никој не знае дали тоа еден ден навистина ќе функционира.

Еколошкиот биланс на е-возилата е очаен. Сосема обичен „Мерцедес Е-класа“ со класичен мотор со внатрешно согорување може да се вози осум години, додека не постигне иста количина на загадување на воздухот како кај „Тесла“.

Ако мотор со внатрешно согорување троши помалку од шест литри бензин, според денешниот стандард тој ја загадува околината помалку од некој електро-модел на „Тесла“. Причина: тешката батерија.

Милиони и милиони електрични возила, тоа подразбира и милиони и милиони батерии. А тоа повторно значи: потребни се суровини како што се литиум и кобалт. А од каде стигнува кобалтот? Најмногу од Конго, земја која е во граѓанска војна и во корупција. И главно децата таа руда ја вадат од земја и тоа под нехумани услови. А без кобалтот од Конго ништо од тие планови со прекрасните е-возила.

При производството на батерии во воздухот се емитуваат и отрови и тони и тони јаглерод диоксид. А откако ќе им помине рокот на траење, тие милиони батерии треба еколошки да се складираат и во најдобар случај да се рециклираат.

Електрифицирајте ги патиштата!

Значи, можеби е-возилото е само технологија која игра улога на мост. И наместо тоа можеби сепак се развиваат како погон на иднината. Можеби, можеби. Само тоа уште никој не може да го знае. Ни автомобилските аналитичари ниту шефовите на истражувањата во некоја автомобилска фирма. Никој не може да даде искрен одговор на тоа прашање.

Можеби мора да се почне на сосема друго поле на енергетски пресврт. Повеќе трамваи и електро-автобуси во центрите на градовите. Зошто не би се електрифицирале патиштата и „да се прикачат” камионите и патничките автобуси со електро-мотори на водови? Не е тоа никаков изум, тоа веќе постоеше.

Проблем: кога ќе погледнеме како Германија дилетантски го спроведува својот енергетски пресврт, тогаш едвај има надежи дека работите ќе функционираат кај сообраќајниот „пресврт”, се додека орото го водат злобните момци од авто-мафијата.

Извор: А1Он