Музика

Дали се сеќавате: Ноне имаше хит песна уште во 1995 година

Своевремено, во 2005 година, велешанката Ноне Неделковска со своите гласовни способности и талент за пеење се пласираше во финалето од регионалниот музички натпревар за таленти „Идол“ и со тоа си го проби патот на музичката сцена и се стекна со слава.

Но, фактите велат дека Ноне Неделкоска беше своевидна музичка и пејачка ѕвезда уште многу порано, 10 години пред фамозниот „Идол“. Имено, на изданието на популарниот фестивал на детски песни „Златно славејче“, малата Ноне ја испеа песната „Каубои смели“ која тогаш стана вистински хит во детските кругови и емисиите за деца.

Текст е дело на Македонка Јанчевска, музиката на Петре Костов, а аранжманот на Александар Џамбазов.

Уште како мала, Ноне покажа дека има харизма за на сцена и пред публика, што се потврди десет години подоцна, кога растураше на „Идол“ стигнувајќи до финалето, што за неа беше отскочна даска за кариера во музичките води со која се занимаваше извесно време.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top