Актуелно

Дали Русија ќе го екстрадира Сноуден во САД како подарок за Трамп: Еве што кажа Сноуден за тоа

Од 1 август 2013 година, Едвард Сноуден е со статус на привремен руски азилант, иако секоја година азилот му се продолжува на период од година дена, каде што наоѓа заштита од американската власт. Но, овие денови проструила неверојатна информација дека Русија би можела да им го испорача Сноуден на САД.

Информативниот портал The next web донесува информација според која од разузнавачките служби на САД се раширила тезата дека Русија би можела да им го предаде Сноуден за да му се суди во Америка. Наводно причината за овој неверојатен пресврт се симпатиите меѓу новиот претседател на САД, Трамп, и неговиот руски колега, Владимир Путин.

Адвокатот на Сноуден, Бен Визнер, за ЕнБиСи Њуз изјавил: Не сме добиле никакви сигнали дека такво нешто е возможно, нити сме загрижени заради новите тези за евентуално испорачување. Од друга страна, пак, портпаролот на Путиновата администрација, Дмитри Пешков, ваквите тези ги нарекол обични бесмислици. Нема потреба посебно да се напоменува што би значело за Сноуден враќањето во САД, особено под водство на Доналд Трамп, кој во домашните медиуми го окарактеризирал Сноуден како шпион и предавник кој заслужува да биде погубен.

Доколку сепак се остварат овие прогнози, Сноуден би можел да се соочи со казна затвор во траење од 30 години заради обелоденување државни тајни и за шпионажа, а во одредени околности не се исклучува ни смртна казна.

Речиси истовремено со појавата на овие претпоставки се јавил и Сноуден кој објавил дека непобитно е докажано дека не соработувал со руските тајни служби нити им оддавал какви било тајни.

Поранешниот припадник на Агенцијата за национална безбедност на САД Едвард Сноуден изјави дека информацијата што беше објавена во медиумите дека Русија наводно ја разгледува можноста за негово испорачување како подарок за американскиот претседател Доналд Трамп е доказ дека тој никогаш не бил поврзан со разузнавачките служби на Руската Федерација. Ова тој го соопшти на својата страница на Твитер, пренесува ТАСС.

Конечно: непобитниот доказ дека никогаш не сум работел за руското разузнавање. Ниедна земја нема да ги испорачува своите шпиони, зашто другите ќе мислат дека тие се на ред, напиша Сноуден.

Advertisements
To Top